14:54 - 2 април, 2026

Ќе ја видиме ли претставничката на Ирска на евровизиската сцена: Тотален хаос на Евровизија

Драмата по хаосот и дисквалификацијата на Холандија не престанува, а дополнителен хаос настана откако Грција, Ирска и Швајцарија не се појавија на денешната проба.

Сега претставничката на Ирска со уметничко име Бамби (Bambie Thug) се огласи во пресрет на финалето на Евровизија и откри што се случува зад сцената.

Многумина беа заинтригирани од објавата, а некои дури се посомневаа дека Ирска ќе се повлече од натпреварувањето поради се што се случуваше и поради зборовите „Се надевам дека ќе се видиме на сцената“.

– ЕБУ сериозно ја сфати ситуацијата и разговараме што да правиме. Тоа значи дека ја пропуштив генералната проба. Жал ми е за фановите кои дојдоа да ме видат. Се надевам дека ќе се видиме вечерва на сцена – напиша Бамби.

Скандалот околу Евровизија по дисквалификацијата на Холандија поради однесувањето на прес-конференцијата и бојкотот на Израел не престанува, а коментарите на фановите на Евровизија само продолжуваат.

Масовни протести се организираат низ цел Малме, градот во кој се одржува Евровизија, а многу новинари се повлекоа и нема да известуваат од финалето.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....