10:08 - 6 април, 2026

(Фото) Катарина Живковиќ побегна од драмите: Ужива покрај море среде скандалите со Кија Коцкар

Српската пејачка Катарина Живковиќ, која веќе недели е меѓу најкоментираните имиња во медиумите, очигледно решила да направи пауза од сите случувања и да „здивне“.

Таа ги спакува куферите и отпатува во Хрватска, каде што моментално ужива покрај море.

Живковиќ објави фотографија на која позира на сончевото крајбрежје, облечена во бела бунда од нерак, со големи очила за сонце и црвен дуксер.

Насмеана и средена, пејачката изгледаше како ништо да не ја допира, и покрај тоа што деновиве е тема број еден во регионалната јавност.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, Живковиќ неодамна влезе во жесток јавен конфликт со Кија Коцкар, по долгогодишно пријателство. Во низата меѓусебни изјави, и двете открија детали што со години биле скриени од јавноста, а особено внимание привлече информацијата што ја објави Кија – идентитетот на партнерот на Живковиќ, кој пејачката го криела со години.

Дополнително, Живковиќ беше спомната и во контекст на трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа Александар М. и Ана Радовиќ, бидејќи младиот маж бил дел од обезбедувањето на нејзиниот сопруг.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....