20:06 - 5 април, 2026

Катар брои ситно и ветува спектакл – Шакира ќе ги запали фановите на Светското првенство

Шакира ќе пее на отворањето на Светското првенство во Катар, заедно со хип хоп групата Блек Ајд Пис и корејскиот бенд БТС.

Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал.

Рекордна е заинтересираноста за првото Светско првенство кое ќе се оддржи на Блискиот Исток. Според организаторите имало повеќе од 40 милиони барања за билети во првите две фази на онлајн продажба. Вкупно ќе бидат продадени 2 милиони билети, а дополнителни 1 милион ќе бидат доделени на ФИФА и на спонзорите.

СП со 32 репрезентации ќе се оддржи на осум стадиони во и околу престолнината Доха, со што ќе има посебен притисок на инфраструктурата на малата земја.

Катар вети 130.000 соби во хотели и апартмани, како и 1.000 традиционални шатори во пустината.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....