14:39 - 9 јануари, 2026

Каролина Гочева ја купи првата влезница за концертот на Коки Јанков во Штип во петок

Каролина Гочева го купила првиот онлајн билет за концертот на Коки Јанков во Штип, кој ќе се одржи на 15 септември, во петок од 20.30 часот во Дом на млади во Штип.

Концерот на познатиот виолинист е симболично насловен „Дуле и Коки 2013-2023“, а се одржува десет години откако почина Душан Љубисављевиќ- Дуле, вокалот и гитарата во дуото „Виолина и гитара“.

-Се изненадив кога го добив податокот дека првата онлајн влезница ја купила токму Каролина Гочева, наша стара пријателка која отсекогаш беше голема поддршка на Дуле и Коки. Каролина воопшто не знаеше дека таа го купила првиот билет, и ѝ беше мило кога ѝ кажав. Драго ми е што ќе биде во публиката, заедно со уште многу луѓе кои израснаа со музиката на Дуле и Коки“, изјави Коки Јанков за „Еспресо“.

Дуле и Коки

-Ќе биде ова една многу посебна и емотивна вечер, особено затоаа што концертот се одржува на местото каде што Дуле и јас започнавме, на летната сцена во Дом на млади, во срцето на нашиот Штип. Имаме најава дека ќе дојде публика од речиси цела Македонија, засега е познато дека ќе дојдат луѓе од Скопје, Кочано, Кавадарци, Кочании, Велес и други градови“, ни кажа Јанков кој во својот роден град е професор по виолина во основното музичко училиште.

Му навираат спомени на секоја нова проба, со деветчлениот бенд со кој на сцената ќе ги отпее најголемите хитови на Дуле и Коки: „Марама“, „Мене место не ме фаќа“, „Не ми е денот“, „Кога едно прават две“, “Колку треба да е плати“, „Виолина на гитара“. Коки е искрен дека чувствува и позитивна трема пред своите штипјани, но се надева на добар концерт.

-Дом на млади во Штип е место од каде што започнавме со Дуле. Место со посебно значење и место со посебна енергија. Првиот контакт со рокенролот ни беше таму. Првите излегувања, првите љубови, првите концерти ги гледавме таму. Бевме среќни деца. Сега е реновирано, изгледа како амфитеатар од 21 век.

Кога размислив, не можев да го скокнам родниот град. Морав од тука, повторно. Добро е кога си дома. Салата „Борис Трајковски“ е слободна дури во декември, мене ми требаше месец септември. Билетите се пуштени во продажба. Цената е 300 денари, 400 денари на влез на самиот ден. Билетите се продаваат онлајн на tickets.domnamladi.mk/, во Тобако ХИТ (центар) Тобако Тоби (Сењак) во Штип“, изјави Коки во претходно интервју за „Слободен печат“.

Дуле, миленикот на публиката, на медиумите и на многу колеги музичари, почина од канцер на 23 септември во 2013 година. Коки во тоа време изјави дека Дуле и Коки засекогаш ќе постојат, затоа што и поммадите генерации им ги знаат песните, а и денес, десет години откако го нема Дуле, ги пеат на настапите на Коки.

Фото: Приватна архива, Дарио Јанковиќ

 

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо
Се вчитува....