12:47 - 2 април, 2026

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

Пејачката Јелена Карлеуша повторно ја разбранува јавноста со остри коментари, овојпат насочени кон дел од естрадата и младата музичка ѕвезда Јаков Јозиновиќ.

Таа реагираше по повод големиот интерес за концертите на Јозиновиќ во белградскиот Сава центар, каде што младиот изведувач одржува серија настапи, што ретко им успева и на поискусни музичари.

Во своето обраќање, Карлеуша без задршка ги критикуваше колегите кои присуствуваат на концертите и му даваат поддршка од првите редови.

„Дали видовте колку се нашите пејачи и јавни личности бедни? Трчаат кај некаков безимен дечко, пејач на преработки од Јутјуб, само за да му се додворат“, изјави таа.

Пејачката додаде дека ваквото однесување остава лош впечаток и дека, според неа, предизвикува потсмев во регионот.

„Веројатно луѓето од Хрватска ни се смеат, не им е јасно што се случува“, рече Карлеуша.

Таа нагласи дека е горда што, како што вели, секогаш го кажува своето мислење, дури и кога тоа не е популарно.

„Среќна сум што сум контра на ваквите естрадни појави и што сум кралица на непопуларното мислење“, порача пејачката.

Инаку, на еден од концертите на Јозиновиќ присуствуваа и бројни познати личности, меѓу кои бизнисменот Горан Кариќ со сопругата Ивана Мишковиќ, како и ќерката на Здравко Чолиќ, што дополнително го зголеми интересот за настанот.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....