8.8 C
Скопје
11:39 - 1 април, 2026

Канје Вест и Бјанка добија доживотна забрана во Венеција: Поради провокативните модни изгледи не се добредојдени

Компанијата што им го изнајмила чамецот на Канје Вест и неговата сопруга Бјанка соопшти дека тие двајца повеќе не се добредојдени.

Канје Вест и неговата нова сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана за пловење со чамец  во Венеција, а причината за тоа е што раперот неодамна го покажа својот гол задник.

Интригантните фотографии направени за време на возењето со чамец во Венеција го обиколија светот, а чамецот им го изнајми компанија која јасно стави до знаење дека парот повеќе не е добредојден што се однесува до нивните услуги.

Според оваа компанија, тие не знаеле дека инцидентот се случил додека не ги виделе фотографиите кои се рашириле на социјалните мрежи и во медиумите.

– Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не ја виде таа ситуација. Да ги видел, веднаш ќе ги истоварел од чамецот и ќе ги пријавел кај надлежните – велат од компанијата.

Потсетуваме дека Канје пред неколку дена уживаше во возење со чамец во Венеција со сопругата и со непознат пријател. Тој во еден момент го покажа голиот задник,  додека Бјанка клечела пред него. Не се знае дали намерно или случајно ја создале оваа ситуација, но сигурно е дека веќе некое време во Италија со своите разголени модни комбинации предизвикуваат негативни коментари.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....