10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

Кандидатка за Мис на Србија навредена од инфлуенсер: Ја нарекол „буцка“ пред сите на избор за убавина

Фото/Јутјуб принтскрин

Натпреварувачката за Мис Србија, Тања Николиќ, се најде во центарот на вниманието откако инфлуенсерот Дебели Сремац јавно ја окарактеризира како „покрупна“ и „буцкаста“.

Коментарот, кој требаше да биде дел од програмата на шоуто, предизвика лавина од реакции, но исто така го отвори прашањето за стандардите за убавина и начинот на кој се дискутира за изгледот на младите девојки во јавниот простор. Наместо да молчи, Тања одлучи да проговори – за притисоците, подготовките и сè што се случувало зад рефлекторите, објави mondo.rs

„Требаше да биде избрана Мис Мултимедија, односно девојката што ќе снима најдобро, ќе направи влог и така натаму, а во жирито имаше инфлуенсери, а двајца од нив се качија на сцената. Меѓу нив беше и Дебели Сремац, така го викаат, се качи на сцената и ми ја додели наградата Мис најкрупна. Јас бев негов фаворит затоа што бев најголема и затоа му бев најсимпатична, и за малку ќе паднев на земја“, изјави Тања.

Инфлуенсерот Дебели Сремац Фото/Јутјуб принтскрин

Манекенката открива каде завршила круната и дали ја однела со себе во Јагодина, нејзиниот роден град.

„Не ја однесов круната во Јагодина, таа остана таму во салата на МТС“.

Еве што ѝ рекол Ненад Живковиќ, попознат како Дебел Сремац, на социјалните мрежи:

„Ти должам извинување, навистина ми е жал, но ти си единствената што имаше месо“, буквално со тие зборови. На почетокот не можев да поверувам. Не одговорив на неговата порака бидејќи не мислам дека има потреба, ниту пак планирам“, изјави Тања.

Инаку,  Симона Манојловиќ беше прогласена за Мис на Србија на изброт кој се одржа во Белград на 8 февруари. Таа доаѓа од мал град во Војводина, кој има околу 2.700 жители.

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....