08:58 - 13 ноември, 2026

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Калиопи искрено проговори за посебната врска со композиторот Ромео Грил, со кого соработува повеќе од четири децении, и откри интересни детали од нивното секојдневие.

Таа раскажа како настанала нејзината нова песна „Лаж“, која со години чекала да биде објавена, а кај неа разбудила иста емоција како големиот хит „Црно и бело“.

„Кога станува збор за музиката, јас слепо му верувам на Ромео. Едноставно, меѓу нас постои таа симбиоза што трае повеќе од 40 години, уште од времето кога почнавме да работиме заедно во групата ‘Калиопи’, па сè до денес“, рече пејачката во интервју за српскиот портал „Ових дана“.

Калиопи раскажа дека песната настанала во студиото на Ромео во Базел, Швајцарија, но долго време останала необјавена.

„Ромео ќе направи нешто, ќе ми донесе демоснимка, ќе ја слушнеме, а потоа ќе ја стави во ‘бункер’. Сето ова време постојано ѝ се враќаше на таа песна. Дури и кога работевме нешто сосема друго, тој ќе седнеше на пијаното и ќе почнеше да ја свири. Јас ќе почнев да пеам од кујната, додека варев кафе: ‘Еј, оваа песна, леле, колку е добра!’, а тој ќе ми речеше: ‘Ма ништо, ништо’“, раскажа Калиопи.

Таа откри дека планирале да снимат два нови сингла. Првиот бил „Бебе“, за кој таа го напишала текстот на македонски јазик, додека Ромео до последен момент ја чувал во неизвесност за втората песна.

„Кога го прашав која ни е втората песна, ми рече: ‘Ќе видиш’. Ме држеше во неизвесност сè додека не ми ја пушти. Почна песната, а јас во првиот момент не ја препознав, го слушнав само контрабасот. Додека ја слушав, си реков: ‘Не, не е можно ова да е таа песна?’. А текстот… Леле, каков текст! Останав без зборови“, рече таа.
Калиопи призна дека новата композиција кај неа разбудила посебна емоција.

„Му реков: ‘Ромео, ова за мене е како кога ја создававме песната ‘Црно и бело’!’. Го имав истото чувство. Тоа е музиката во која јас како пејачка вистински уживам, тоа е мојата десна страна, тоа е она што сум јас. И ете, дојде време за неа“, изјави Калиопи.

Калиопи на 13 ноември ќе одржи концерт во салата МТС во Белград. Пред српската публика ќе се претстави со акустичниот концертен концепт „100% LIVE“, со кој претходно одржа четири концерти во Филхармонијата во Скопје. На сцената ќе ја придружуваат 13 музичари, а нејзините најпознати песни ќе бидат изведени во нови аранжмани.

Белградскиот концерт следува по големиот концерт што Калиопи го одржа на 17 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој прослави 50 години на музичката сцена. На концертот, на кој специјален гостин беше Слаткаристика, таа испеа песни од различни периоди на својата кариера и уште еднаш ја потврди силната врска со домашната публика.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....