6.8 C
Скопје
00:52 - 30 јануари, 2026

Каков имот остави зад себе Ен Хеџ и по што сакала да ја помнат децата

Актерката од „Дони Браско“ го сподели својот сон за тоа што сака да остави во наследство во едно постаро интервју кое повторно се појави на социјалните мрежи, набргу откако беше прогласена за мртва по сообраќајна несреќа.

Ен Хеч сакаше да остане запаметена како добра мајка на своите деца. По нејзината трагична смрт, нејзиното интервју од 2017 година повторно се појави на социјалните мрежи и во него актерката го сподели својот сон како сака да остави наследство.

„Бидејќи филмот се вика „Последниот збор“ и имајќи предвид за што се работи, што би сакале да кажат луѓето на вашите последни зборови? – беше прашана глумицата од новинар на Access Hollywood на премиерата на нејзиниот филм „The Last Word“.

Ен, која почина во петокот (12.08.22) на 53-годишна возраст, одговорила:

„О… ох, Господе… ох, Господе…“ пред да направи молитвен гест таа додаде: „Се надевам дека ги направив моите деца среќни… им дадов живот што го сакаат“.

„Последниот збор“ раскажува за бизнисменка која ја игра Ширли Меклејн, која се обидува да ги контролира своите последни денови од животот поради болест.

Актерката Хеч има 20-годишен син Хомер Лафон со поранешниот сопруг Колман „Коли“ Лафон, со кого беше во брак од 2001 до 2009 година и син Атлас, со глумецот Џејмс Тапер.

Инаку, актерката, писателка, режисерка и продуцентка, остави зад себе нето вредност од 4 милиони долари, спечлени со различни ангажмани и улоги во повеќе од 80 филмови.

Актерката остварила голема заработувачката и од продажбата на нејзината книга од 2001 година „Наречете ме луда: Мемоари“. Покрај работата во медиумите, актерката заработувала и од зделки со недвижнини. 

Таа и нејзиниот поранешен партнер Џејмс Тапер инвестираа 899.000 долари за куќа од 1.440 метри квадратни во Лејк Арохед, која во 2017 година ја продадоа за 1,25 милиони долари.

Двојката, исто така, ја стави на продажба по разделбата нивната резиденција во парк Хенкок во Лос Анџелес за 3,95 милиони долари во 2019 година, за најпосле да ја продадат за помала сума –  3,695 милиони долари. Куќата првично била изградена во 2009 година.

 

 

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....