2.8 C
Скопје
21:09 - 26 декември, 2025

Како зборуваше Џери Спрингер: „Ја уништив поп културата, претпоставувам во пеколот не е толку жешко“

Американскиот телевизиски водител Џери Спрингер почина на 80-годишна возраст во својот дом во Чикаго по кратка битка со ракот. Иако неговото шоу The Jerry Springer Show веќе не се емитувасо години, многумина засекогаш ќе го паметат поради различните контроверзии што се случуваа во него.

Спрингер со години не се занимаваше со водителство и замина во пензија откако му беше откажано шоуто во 2018 година, а минатата година гостуваше во подкаст, во кој се извини за проблемите што ги создала неговата емисија, но и се пошегува.

Во ноември 2022 година, Спрингер во подкастот Behind the Velvet Rope на Дејвид Јонтеф рече дека сè уште малку жали за шоуто Џери Спрингер и се надева дека нема да заврши во пеколот поради емисијата. Тој се пошегува дека неговата емисија веројатно ја уништила поп културата, а водителот го праша дали се смета себеси за зачетник на „реалити“ емисиите.

– О не. Навистина ми е жал. Жал ми е. Што направив? Ја уништив поп културата. Само се надевам дека не е толку жешко во пеколот бидејќи лесно ќе изгорам. Имам бел тен и тоа некако ме загрижува – се пошегува Спрингер.

Инаку, 27 години Џери го водеше шоуто Џери Спрингер, кое беше познато по своите контроверзни теми. Прво се фокусираше на политички прашања, а подоцна почна да се занимава со теми за прељуба. Често имаше физички конфликти во емисијата и пцовки. Токму затоа неговото шоу важи за едно од најконтроверзните во историјата, но и едно од најгледаните.

Слични објави

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin

(Фото) Кралицата на хрватските модни писти по 10 години се врати пред камерите: Погледнете како изгледа поранешната Мис Хрватска

Еспресо

(Видео) Андријана Јаневска емотивно раскажа ретка приказна за Тоше за една посебна ноќ

msp-admin

Македонската макенека која мистериозно си го одзеде животот, остана запаметена како најубавата и најуспешната

msp-admin

Теодора Бјелица е бремена: Со хрватскиот фудбалер Карло Мухар го чека првото бебе

Еспресо
Се вчитува....