25.8 C
Скопје
14:46 - 6 мај, 2024

Како ќерката на Дejвид Џејсон открила дека ѝ е татко: Се сретнале неколку пати без да знаат што се, го препознала по носот

Актерот Дејвид Џејсон (83), познат по улогата на Дел Бој од ТВ серијата „Сплетки“, откри дека има 52-годишна ќерка – Аби Харис, за која цел живот не знаел ништо. Покрај тоа, дознал дека има и 10-годишен внук. Веста премногу го израдувала.

Аби Харис е родена во 1970 година, а нејзината мајка Џенифер Хил, која глумеше и во „Џејмс Бонд“, имала кратка врска со актерот во 1969 година.

Аби како татко си, но и како мајката глумица, тргнала по актерските води, но повеќе е позната по гласовни улоги. Актерката неодамна дознала дека Џејсон и е татко.

– Секако дека сум горда и среќна, но и тажна поради изгубените години – изјавила Аби.

Интересно е што таткото и ќерката без да знаат дека се во блиска роднинска врска се сретнале неколкупати во животот. Нивните патишта се вкрстувале преку заеднички пријатели.

Мајката на Аби, Џенифер, беше во брак со филмската ѕвезда Џефри Дејвион, а Аби верувала дека тој ѝ е татко, се до неговата смрт во 1996 година.

Џенифер, која глумела во филмовите Доктор Ху и Џејмс Бонд (Октопус) и Сер Дејвид повторно се сретнале на сет глумејќи заедно во филм од 2008 (Under Milk Wood), а покрај нив во истиот филм глумела и Аби.

Сепак, поминале уште пет години додека Аби почнала да се сомнева дека Сер Дејвид би можел да биде нејзиниот вистински татко.

Аби и Сер Дејвид случајно стоеле еден до друг на еден настан кога таа забележала дека имаат слични странични профили.

А со текот на времето истата сличност ја забележала и кај нејзиниот син, односно внукот на Дејвид, 10-годишниот Чарли. Тогаш храбро решила да му напише писмо на Сер Дејвид во кое го замолила да направи тест за татковство.

Тестот се покажал позитивен, и тие одлучиле да се сретнат. Првата средба била во хотелот Лендмарк во Мерилебон, централен Лондон, за да поразговараат.

Аби за англиските медиуми признава: „Откривајќи го идентитетот на татко ми, почнувам да го составувам мојот“, нагласувајќи дека иако е неверојатно горда честопати целосно е обземена од тага за годините што ги изгубиле.

„Сега се надевам дека ќе можеме свесно да најдеме време почесто да се гледаме, за да можам да ја совладам уметноста да бидам најдобра постара сестра (Дејвид до сега имаше само една ќерка Софи) и да изградам значаен однос татко-ќерка во неговата вистинска смисла“, додава таа.

 

Слични објави

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо
Се вчитува....