2.8 C
Скопје
00:22 - 12 март, 2026

Кајли Џенер: Непрекинато плачев три недели по раѓањето на второто дете

Во овонеделната епизода на шоуто „The Kardashians“, Кајли Џенер зборуваше дека доживеала „бејби блуз“ по раѓањето на нејзиното второ дете.

-Ми беше многу тешко. Плачев без престан секој ден првите три недели. Тоа беше само „бејби блуз“, а потоа некако исчезнува. Го имав тоа и со Сторми“, ѝ раскажа Кајли на постарата сестра Кендал Џенер, а таа ѝ одговори дека веројатно се работело за хормоните.

-Не, плачев околу три недели. На пример, секој ден плачев до тој степен, што легнував во кревет од што ме болеше главата, инсистираше Кајли.

Иако не се консултирала со лекар, таа вели дека пребарувајќи на Интернет сфатила дека тоа е само „бејби блуз“, а не и постпородилна депресија, бидејќи траело само три недели.

Кајли рече дека после тоа се чувствувала подобро.

-Се чувствувам подобро психички. Не плачам секој ден, така што тоа е одлично. Физички бев добро, но сепак имав лоши психички денови, додаде таа.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....