4.8 C
Скопје
19:09 - 25 декември, 2024

Кај кого ќе оди богатството на Берлускони? Еве кои се наследниците на 6,4 милијарди евра

Поранешниот премиер на Италија зад себе остави цело „богатство“ од околу 6,4 милијарди евра вклучувајќи акции кои котираат на берзата, компании, недвижнини, фудбалски тим, јахта…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Mafia Culture (@themafiaculture)

Поголемиот дел од наследството веројатно ќе оди кај децата Пјер Силвио и Марина, но само тестаментот може да ги разјасни сите сомнежи.

Силвио Берлускони по смртта им остави вистинска империја на своите наследници. Средства кои според Форбс изнесуваат околу 6,4 милијарди евра, од кои половина се акции кои котираат на берзата, на кои мора да се додадат и различни компании, вили, имоти – недвижнини, фудбалскиот тим Монца кој игра во Серија А, инвестиции во компании, јахта и многу повеќе.

Наследство во огромни цифри што Брлускони го изгради со текот на времето благодарение на неговите вештини како бизнисмен со интерес во светот на градежништвото, медиумите и фудбалот. Богатство големо колку и династијата на наследници што го сочинуваат семејството Берлускони: две поранешни сопруги, пет деца и 16 внуци.

Најстарата од внуките е Лукреција (31), ​​ќерка на Пјер Силвио и сестра на Лоренцо Матија и Софија Валентина – деца од бракот со водителката Силвија Тофанин. Потоа, тука се децата на Марина Берлускони (Габриеле и Силвио), петте деца на Барбара: Едоардо, Алесандро, Франческо, Леоне и Еторе Квинто. Тројца наследници од Елеонора (Рикардо, Флора и Артемисија), додека последните внуци се децата на Луиџи (Емануеле Силвио и Томазо Фабио родени во октомври 2022 година).

Најстарата ќерка на Силвио е Марина, а по неа е нејзиниот брат Пјер Силвио, и двајцата родени од бракот со Карла Елвира Лусија Дал’Ољо, кои главно се грижат за семејните работи. Токму поради тоа што Силвио им доволил „премногу“ да се грижат, своевремено се налути неговата втора сопруга, Вероника Ларио, која речиси и не е во контакт со нив.

Според рангирањето на Форбс на италијанските милијардери за 2023 година, Силвио Берлускони се смета за трет најбогат човек во Италија со имот од 6,9 милијарди долари. Вистинскиот сеф на семејството Берлускони е Mfe, после преместувањето на седиштето во Холандија и изгледите за спојување со Mediaset Шпанија, кое треба да биде завршено меѓу летото и есента 2023 година, во моментов има 48,7% од правата на глас во собранието. Контролата е практично целосна. Мфе, компанијата во која се споија различните фирми на Медиасет, е под контрола на Фининвест со 48,2%, а францускиот Вивенди е втор акционер со 23,35%. Фининвест е целосно контролиран од семејството Берлускони, но со сложена сопственичка структура: поделена е на седум холдинг компании, од кои четири директно му се припишуваат на Силвио Берлускони.

Во моментов, Силвио контролира 61% од холдингот Фининвест кој работи во телевизискиот сектор со Медиасет, но и во издаваштвото со Мондадори. Остатокот од акциите се поделени меѓу децата: Марина има 8% од акциите, таа е претседател на холдингот и раководи со Мондадори, додека Пјер Силвио има 8% и е човекот кој го води Медиасет. Трите деца Барбара, Елеонора и Луиџи заедно поседуваат 21% од компанијата. Луиџи и Барбара немаат оперативни обврски, но се акционери на Фининвест и седат во бордот на директори. Во минатото Барбара беше во управниот одбор на Милан, искуство кое заврши во 2017 година со продажба на клубот. Берлускони сега е сопственик на тимот Монца, но проектот е реализиран со неговиот брат Паоло Берлускони (претседател на клубот) и лојалниот соработник Адријано Галијани како управен директор. Во најновите даночни пријави кои се обелоденети, поранешниот премиер пријавил на даночните власти 50 милиони евра што се оданочуваат : бројката, соопштена во 2021 година, се однесува на приходот од претходната година. Заедно со оданочениот вкупен износ, имотот на Силвио Берлускони се состои и од имот во сопственост, како што се вили, куќи, автомобили и јахти. Меѓу најпознатите резиденции е Вилата Сан Мартино во Аркоре, римската резиденција Палацо Грациоли, летните вили на Сардинија и Лампедуза, како и имотите во странство.

Но, на кого всушност ќе му припадне наследството на Берлускони? Како ќе се делат акциите на компанијата и имотите? Ова се детали кои засега новинарите не ги знаат. Децата, најверојатно, ќе добијат голем дел од имотот, но секако се уште не е јасно во која насока ќе се движи менаџирањето на бизнисот и каква ќе биде структурата на моќ што ја воспоставува семејната единица. Пјер Силвио би можел да го добие кормилото на Медиасет, додека Фининвест и Мондадори би можеле да одат кај неговата ќерка Марина, но сепак, веројатно убав дел ќе наследат и нговите други три деца, односно оние што ги има од втората сопруга, Вероника Ларио.

Сомнежи и прашања на кои може да се одговори само кога ќе се објават последните желби, односно тестаментот, на поранешниот премиер.

Слични објави

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо

(Видео) Јосипа Лисац им го честита Божиќ на сите

Еспресо

„Ѓани ме изневери!“: Слаѓа призна дека му ја простила прељубата на фолкерот, ги откри сите детали

Еспресо
Се вчитува....