8.8 C
Скопје
11:33 - 1 април, 2026

Каде вечерва: Во „Станица 26“ на тематска журка – Ги враќаме 2000-те

Журките во организација на Sure Shotz се добро познати низ Скопје, а и секаде низ Македонија.

Негувајќи повеќе жанрови и додавајќи ја уникатната креативност од страна на екипата го прави своето. Нивниот успех се мери во задоволна публика која е секогаш спрема да ги поддржи во новите задачи и цели. Омилените настани на младите, во организација на Sure Shotz, се така наречените трап-журки претходно насловени „Thursday SHAKE“, а сега реименувани во „SPICY Thursday“. Секој четврток, младата публика која е фан на хип-хоп, трап, аренби (RnB) музичките жанровите, се сели на „SPICY“ во Станица 26.

Во најавата за вечерва, екипата на Sure Shotz спремила тематска журка:

„Овој четврток на SPICY го враќаме 2000s вајбот. Од старите крејтови ископавме подзаборавени аренби класици, кои заедно со најголемите throwback party бенгери ќе ги вртиме во текот на целата вечер; а од плакарите ќе ги извадиме ултра широките фармерки, накитот, капчињата, дураците и долгите маици!“

Билетите изнесуваат 150 денари. Настанот започнува на полноќ.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....