30.8 C
Скопје
18:33 - 7 септември, 2026

Каде вечерва: На забава со Лас Веѓас и Јанко Петелјаваше во „Гарсон“, ќе има и караоке!

Оваа сабота (16.02) во „Гарсон“ може да очекувате разигран диџеј сет, преполн со многу изненадувања и распеана атмосфера.

Разговараме со Петелјаваше и Лаз Веѓас, двајца членови на рап колективот „Допе Куќата“.

Освен на сцената, ова дуо може да го начекате и по ноќните скопски локали како ја забавува публиката изведувајќи различни диџејски пероформанси, почнувајќи од „обичен“ дидеј сет, па се до специјална селекција на песни за одреден настан и незаборавни караоке забави каде што публиката е дел од шоуто.

Оваа сабота ќе може да го начекате ова дуо на раздвижена диско-фанк забава во рокбар „Гарсон“.

Младиот дел од тим на „еспресо“ не одолеа да не им постави неколку прашања за самиот стимул на нивните забави, па на прашањето: „Што пијат диџеите додека трае забавата?“, Петелјаваше ни одговори дека секогаш е добредојдено белото вино со две коцки мраз како стартер.

Откако атмосферата ќе се загрее, Петелјавапе и Лаз Веѓас ги вадат „од ракав“ нивните најголеми хитови на кои што публиката „урла” до самиот крај на забавата. Па, во овој случај ги прашуваме:

„Доколку ова дуо би морало да одвои само една песна која ќе свири низ целата вечер во сетот која би била таа?“, на што овие фанки момци ни одговорија со сигурност „So many time – Gadjo“.

Кога станува збор за караоке забавите, често може да се случи да ескалираат работите во ненадејна ситуација. Koja e „најлудата“ песна која ви ја нарачале на караоке?

„Нарачуваат многу луди песни и тоа јако, затоа што, секој следен се инспирира од претходниот за следната песна и тоа ја прави секоја забава уникатна. Од тоа што на „прва“ можам да издвојам е песната на Sale G и Error – $igurica. Песната ја знаеја само некоја мала толпа луѓе кои беа пресреќни што нивниот “интерен” хит беше пуштен јавно.”

Колку песни отприлика ви нарачуваат во тек на една караоке вечер и дали ги пуштате сите?

„Зависи од публиката. Ако има повеќе “наши” луѓе дојдени на забавата, бројката на нарачани песни може да биде и до над 30.”

 

Слични објави

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.
Се вчитува....