5.8 C
Скопје
07:33 - 1 април, 2026

Каде вечерва: „Минливост“ изложба на слики од Тони Попов

Од вторник 28 март, 19:30 часот во Културно-информативниот центар ќе се отвори изложбата на слики „Минливост“ на Тони Попов.

„Минливост“ е серијал од околу 40 фигуративни слики работени во периодот од 2021 и 2022 година. Сликите се работени во акрилна или маслена техника во различни формати.

Главната идеја во серијалот „Минливост“ се одредени ситуации или личности забележани во одреден миг на изненадување или одлука. Сликите во овој случај се обид да се фати недофатливото, да се врами моментот кој веќе изминал.

Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Автор е на две збирки поезија: „Моето парче небо” (2008) и „Светот е жеден за збор” (2015). Негови песни и раскази се објавени во списанијата „Разгледи”, „Современост”, „Мантис” и др.

Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Автор е на седум самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Како уметник, бил на резидентен престој во Белгија, Данска и Норвешка. Неговите слики досега се продадени во 17 земји во светот.

Во 2014 година, продуцентската куќа “Moments” од Шарлот, САД, сними краток документарен филм за неговата работа. Од 2016 година, Тони одржува теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка. Во 2018 година, издавачката куќа „Метаноја” од Скопје, објави книга од неговиот проект „100 дена мини уметност”. Во јули 2020 година, во Охрид, Тони ја започна Летната сликарска школа „Пробај уметност”, на која досега учествуваа повеќе од 100 деца.

Член е на ДЛУБ од 2021 година. Од 2022 година е член и на Норвешката Асоцијација на сликари. Роден е 1975 година во Скопје. Живее во Охрид со сопругата и трите деца.

Изложбата ќе биде отворена до 13.4.2023 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....