00:43 - 10 јануари, 2026

Јована Јеремиќ тврди: „Го сонував свети Василиј Острошки кој ми рече што ќе ми се случи“

Водителката Јована Јеремиќ, која често ја интригира јавноста со своето однесување и изјави, во една прилика раскажа дека го сонувала Свети Василиј Острошки и дека тој наводно ѝ предвидел настани што ќе ѝ се случат во животот.

– Го сонував свети Василиј Острошки, кој ми се појавуваше неколку пати во соништата и кој навестуваше настани што ќе ми се случат во животот. А еден од соништата беше сон кога почувствував топлина зад мојот грб. Пред мене имаше свештеник и јас се свртев да видам што е тоа. И видов наметка црвена со злато и почувствував топлина. А свештеникот тогаш ми рече: „Не плаши се ќерко, не се плаши од ништо“, јас тогаш бев под некакви притисоци – имав големи борби и внатрешни и надворешни, а свештеникот ми рече: Не плаши се од ништо, свети Василиј ти го чува грбот!“ А јас прашав: „Свети Василиј?“, и тој ми рече: „Да, тоа е светец што прави чуда, босоног  светец кој прави чудата да станат реалност“. Следниот ден станав и си реков: „Да, мојот хаштаг ќе биде „малата што прави чуда“ – објасни водителката Јована Јеремиќ.

Потсетуваме, Јована Јеремиќ доби луксузна куќа во Гроцка од своето момче, бизнисменот Драган Станковиќ.

– Слушнав дека главна тема е дали вилата во Гроцка е на мое име! Гледам дека некои мои колешки се занимаваат со оваа тема, со оглед на тоа дека веројатно би сакале маж да им среди да добијат, барем еднаш во животот, можеби нешто повеќе од парфем, а камоли кога е вила во прашање! – неодамна потврди водителката и нагласи дека доколку има син ќе му го даде името Василиј.

Јелена Карлеуша открива нови детали од бракот со Душко: „Јас сум таа која ја одржува таа заедница…“

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....