10.8 C
Скопје
09:25 - 26 март, 2026

Јована Јеремиќ ја исплука Милица Тодоровиќ: „Не оправдувам афери со оженети мажи!“

Водителката Јована Јеремиќ, во изјава за домашни медиуми зборуваше за повеќе актуелни теми – од најавите дека ќе работи и во текот на бременоста, па сè до случајот поврзан со Милица Тодоровиќ, кој со денови ја бранува јавноста.

Јеремиќ посочи дека планира да работи до деветтиот месец од бременоста и дека по породувањето брзо ќе се врати на екраните. Воедно, се осврна и на коментарите дека можеби ќе се породи во живо во програма, потенцирајќи дека публиката досега не ја видела во такво издание.

Кога станува збор за Милица Тодоровиќ, која неодамна стана мајка, Јована изјави дека била „блага“ во своите ставови, но јасно нагласи дека не ги оправдува врските со оженети мажи. Призна дека и самата во минатото направила таква грешка, но дека од тоа извлекла поука и повеќе не би повторила сличен чекор. Таа додаде дека, според неа, најголема одговорност носи мажот кој влегува во паралелна врска додека е во брак.

„Бев со оженет маж и никогаш повеќе. Не можам да оправдам такви односи. Не сум светица, но можам да зборувам од искуство. Не ја растурив таа заедница и денес сум во коректни односи и со него и со неговата сопруга. Најмногу го обвинувам партнерот“, изјави Јеремиќ.

Таа истакна дека жали за одредени последици што ги претрпела пејачката, но потенцираше дека секоја жена треба да биде внимателна кога влегува во врска со оженет маж. Според неа, „не се гради среќа врз туѓи солзи“ и додека разводот не биде официјално завршен, не треба да се носат сериозни одлуки.

Во меѓувреме, медиумите објавија детали за наводниот татко на детето на Милица Тодоровиќ. Станува збор за приватен бизнисмен кој се занимава со продажба на автомобили, а наводно токму преку купопродажба на возило започнала нивната комуникација. Според извор близок до случајот, тој ѝ тврдел на пејачката дека не е среќен во брак и дека е во постапка на развод. Врската се одвивала во тајност поради неговата семејна состојба, а кога сопругата дознала, ситуацијата дополнително се комплицирала.

Слични објави

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.
Се вчитува....