00:11 - 6 април, 2026

Јована Јеремиќ го менува животот поради бизнисменот: „Ќе доаѓам на работа со авион“

Водителката Јована Јеремиќ последните денови го привлече вниманието на јавноста поради врската со познат бизнисмен.

Имено, откако таа јавно објави заеднички фотографии со Драган Станковиќ, јавноста не престанува да се интересира за нивната врска. Јеремиќ истакнува дека Драган е првиот маж кој сосема ѝ одговара и дека на него може да се потпре во секое време, што сега ѝ е најважно.

Сепак, по разводот со политичарот Воислав Милошевиќ, Јована често зборуваше дека е сигурна дека ја чека нешто големо и дека нејзиниот иден сопруг ќе биде моќен и богат, со оглед на тоа што, како што истакнува, смета дека не заслужува нешто помалку од тоа, бидејќи таа сама стекнала се во животот и се изборила за својата позиција.

Водителката за ова проговори во интервју пред извесно време, а донекаде си предвидела се што и се случува во моментов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

– Сега кога зборувам за мојот втор сопруг, како да го гледам, но го нема, се уште не сум го запознала а точно знам каков ќе биде. Овој дечко со кој бев до неодамна, знаев дека не е тој. Мојот втор сопруг ќе биде моќен човек, нема да биде од Србија, по потекло ќе биде наш, а живее во странство. Цело време ќе бидам во авион, тоа го знам, ќе доаѓам на работа со авион за да ја одработам емисијата. Мојот сопруг ќе биде како сопругот на Сандра Мелниченко. Или ќе се занимава со нафта или ќе има синџир ресторани и кафулиња, некој ќе мисли дека сум луда, но така ќе биде – рече Јована.

Сепак, Драган иако нема синџир ресторани и кафулиња, има синџир пекари, тој е многу успешен и богат, баш како што си посака Јована.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....