10:56 - 11 јануари, 2026

Јована Јеремиќ ѝ се нафрли на Тања Савиќ: „Ќе ѝ помогнам да ја наполни полупразната Арена“

Пејачката Тања Савиќ своевремено ја напушти емисијата „Амиџи шоу“ поради водителката Јована Јеремиќ, а при новото гостување кај Огњен Амиџиќ откри зошто се одлучила на тоа.

-Јас тогаш намерно реков дека одам во веце, а не во тоалет, бидејќи во таа емисија владееше шунд. Знаете на кого мислам, ќе се препознае. Ти мене ме запостави таа вечер, не си ти крив, туку некој ја покани таа личност во таа емисија, токму кога бев јас таму. Немам непријателство кон таа личност, но има нешто што не ми се допаѓа во тоа… тоа повторување. Тогаш седев како саксија, ништо не зборував, само реков ‘Добро вечер’. Бев уморна, не спиев, а кога ги спомна рударите кои не сакаат да работат за неа, тоа беше последната капка и реков си одам дома – објасни Тања.

По изјавите на Тања, водителката Јована Јеремиќ се огласи на Инстаграм и ја „буцна“ пејачката.

принтскрин, инстаграм

„Моежби, ако Тања Савиќ ме повика како гостин изненадување, ќе ја пополни полупразната Арена. Еве, јас ќе ѝ помогнам! -напиша водителката.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо

Хороскоп за 11 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата

Еспресо

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....