11:15 - 31 март, 2026

Јована и Жељко Јоксимовиќ јавно е расправаа: „Замисли некому тоа да му кажеш?!“

Јована Јоксимовиќ и Жељко Јоксимовиќ ја сумираа 2025 година, а зборуваа и за своите три деца – синот Коста и близначките Ана и Срна.

Бидејќи родителите често се присутни во медиумите, парот откри како гледаат на тоа дали некое од нивните деца би сакало да тргне по стапките на таткото или мајката.

Жељко Јоксимовиќ истакна дека веќе забележува дека наследничката Срна би сакала да биде јавна личност. Од друга страна, синот Коста ги прашувал родителите за своите фотографии во медиумите на кои лицето му е заматено.

– Веќе малку се срами. Мислам дека Срна би сакала, таа е родена артистка. Иако сите тројца одат на музичко училиште и имаат многу слух, мислам дека Срна има намера да биде јавна личност, како и најстарата сестра по татко, Мина. Ана и Коста се малку срамежливи – рече пејачот.

– Јас тоа не би го сакала – искрено се надоврза Јована, на што Жељко веднаш реагираше:

– Сите тоа го кажуваат! Замисли ако некој е роден за тоа и му кажеш: „Немој случајно да се занимаваш со музика“!

Водителката потоа го појасни својот став, нагласувајќи дека никогаш не би ги спречувала децата да го прават она што ги исполнува:

– Јас велам дека не би сакала, но мене никој не ми ја избра професијата, па нема ни јас да им ја бирам. Ќе ги поддржам сите, секогаш, каде што се среќни. Жељко е тој кој ги инструира. Апсолутно мислам дека треба да бидат она што ќе го сакаат во иднина и да бидат среќни – заклучи Јована Јоксимовиќ.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....