12.8 C
Скопје
10:38 - 27 март, 2026

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

Фолк-пејачот Јордан Митев сподели убави вести на неговиот Фејсбук профил кои ги израдуваа неговите следбеници.
„Почитувани пријатели и фанови, честопати ме прашувавте кога концерт во Скопје. Поради многу обврски таа идеја и желба неколкупати беше одложувана но еве конечно го договориме терминот,
26-ти ДЕКЕМВРИ 2026 година (САБОТА) АРЕНА ЈАНЕ САНДАНСКИ – СКОПЈЕ.
Бидете сигурни дека гарантирам вистински македонски професионален фолк спектакал, со сопствена одбрана авторска музика и стихови што ги создавав во изминатите 20 години!
Наскоро ќе бидат објавени сите подетални информации“, сподели пејачот.
Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“, пејачот меѓудругото зборуваше за сопругата Славица со која има ќерка и син.

„Сопругата ја запознав на едно мое гостување во Австралија и некако така се редеа работите или, како што велат, кога треба нешто така да биде и ќе биде. Почувствував дека таа е личноста со која можеме заедно да пловиме во животот, немаше некој посебен момент или ситуација, едноставно тоа некако доаѓа за така да биде“, изјави пејачот.

Слични објави

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо

(Фото) „Многу ми недостасуваш“: Дарко Илиевски со емотивен спомен за мајка му

Еспресо

Дневен хороскоп за 27 март: Бидете искрени, но и тактични

apostolova

(Видео) Пејач ја „зграпчил“ Цеца, ја прегрнал на сцената, а потоа следувало шоуто: Танцувале заводливо, никогаш порано не сте ја виделе вака

Еспресо

Зорица Марковиќ седна на багер – по операцијата на срцето, пејачката сама ја доградува куќата

Е.А.
Се вчитува....