03:59 - 1 август, 2026

Јелена Розга за првпат за новото момче: „Не ми паѓа на памет да голтам солзи“

Јелена Розга не крие колку е задоволна од успехот на „Лавица“, а бидејќи таа нумера се почесто и се припишува како автобиографска, откри дали се чувствува како лавица.

„Се почесто го слушам и многу ми е мило поради тоа. Сакам кога гледам дека публиката го препознава тоа што го работам, и секогаш се чувствувам како лавица, тоа не е нешто што доаѓа во моменти кога треба да бидеш горда и храбра, мислам дека тука се работи за комбинација на карактер и свесна одлука да се помине животот така“, изјави пејачката за српски „Блиц“.

Таа со години важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а кариерата ја градеше без скандали, и знае дека ги направила горди своите родители.

„Знаете што велат, не грижи се што твоите деца не те слушаат, грижи се што те гледаат, а јас секогаш имав совршен пример кај моите родители. Моите родители се чесни, вредни и благородни луѓе, и доволно ми беше да го следам нивниот пример, никогаш не се плашев, но секогаш се погрижив да ги направам горди“, изјави Розга.

Розга неодамна откри дека има нов партнер, но сепак строго го чува неговото име. Како што вели, не е љубоморен на нејзините многубројни обожаватели, бидејќи тие ги градат односите на длабока доверба.

„Длабоко верувам дека довербата е основата на секоја квалитетна врска, вклучително и љубовната врска. Љубомората може да биде само еден зачин кој треба паметно да се дозира за врската да не стане горчлива“., вели Розга.

Иако не ѝ е непознато плачењето, пејачката додава дека не се кае за бившите.

„Не ми паѓа на памет да голтам солзи, но ниту да плачам поради истуреното млеко. Верувам дека солзите ја чистат душата. Сепак, никогаш не треба да се удавиме во нив“, вели таа.

Јелена создаде имиџ на нежна и мила личност, но има и „жолта минута“.

„Тоа се случува. Сè уште сум темпераментна Далматинка, а исто така и голем „контрол фрик“, па кога работите не се развиваат како што замислувам, станува малку напнато. Но, тоа не трае долго, брзо се враќам на мојот биланс“, заклучи таа.

(Фото) Бившиот на Цеца ќе стане татко: Јована Љубисављевиќ откри дека е бремена

 

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....