7.8 C
Скопје
19:51 - 31 март, 2026

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Пејачката Јелена Розга се осврна на гласините дека наскоро ќе се омажи за Иван Хуљиќ. Таа за првпат ги коментираше приказните за наводна голема свадба со дури 500 гости и откри како би изгледал нивниот голем ден, доколку навистина се случи.

Во последните денови сè почесто се шпекулира дека Розга и Хуљиќ би можеле наскоро да застанат пред олтарот и да организираат свадба со стотици гости. Сепак, пејачката јасно порача дека такво нешто не е реално.

„Не, никако. Петстотини гости? Па ме знаете мене. Дури и кога би решиле утре да се венчаме, мислам дека тоа би било многу скромно. Не сакам големи прослави и премногу врева. Најмногу би сакала тоа да биде нешто тивко и интимно. Нам ни е убаво заедно, а тоа е најважно“, изјави таа во емисијата „ИН Магазин“.

Иако ги негираше приказните за голема свадба, Розга не крие дека е среќна во врската со Хуљиќ. Таа откри и како ја изненадил партнерот за Меѓународен ден на жената.

„Јас обожавам лалиња, а Иван тоа го знае, па ми купи бели лалиња“, раскажа пејачката.

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....