02:20 - 9 јануари, 2026

Јелена Карлеуша отворено за своите ќерки: „Кутри мои деца…“

Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во центарот на медиумскиот интерес уште од првиот ден од нивното раѓање.

Јелена неодамна пред настапот проговори за воспитувањето на нејзината ќерка, а се осврна и на Ника која често ја брани на социјалните мрежи.

– Мои кутри деца. Многу е тажно кога детето треба да ја брани својата мајка на социјалните мрежи. Шокантно е, нели, кога те брани малолетно дете (Ника). Мама и забранила да употреби еден лош збор. Потоа нашла начин да ја одбрани мајка си без никого да навреди. Воспитувањето на моите деца ми е многу важно, бидејќи тие се моето огледало. Не смее да се употребуваат грди зборови – рече Јелена, а потоа додаде:

А кога ќе речат: „Мамо, ама ти пцуеш“… Мама може, така ми велеше и мене мојата Дивна: „Никогаш не смееш да се дрогираш, пороци, кога ќе видиш како некој пуши, пие“. И јас и велам: „Мамо, ама ти пушиш“, а таа одговараше: „Друго сум јас“.

– Моите деца се збир на добри влијанија од дома, се доаѓа од дома. Кога ќе видите други деца на јавни личности, можете да процените како растат, какви се нивните родители и дали се добро воспитани деца. Тие се прекрасни девојки, фантастични на училиште, многу скромни, многу добро воспитани. Не смеат да користат лоши зборови, мора да ги почитуваат постарите, да им персираат на сите и да ги почитуваат луѓето. Но, секако, да може да бидат способни за живот надвор од стаклено ѕвоно. Мора да сфатат дека има многу лоши луѓе, кои не ја познаваат нивната мајка, кои сакаат да ѝ наштетат на нивната мајка. Мора да бидат спремни и способни, тренирани за живот, а животот е борба, животот е подеми и падови. Да бидат силни девојки, а во целата таа борба и многу добро воспитани девојки – изјави Карлеуша за српска „Република“.

Слични објави

„Говорел дека ги споил Свети Василије Острошки“: Нови детали за врската на Мина Костиќ

Е.А.

Урнебесно: Таткото на Милица Тодоровиќ се санка како дете, пејачка во неверица

Е.А.

„Два часа се гушкавме и плачевме“: Пејачката Сека Алексиќ прв пат проговори за средбата со билошкиот татко со кој долго немала контакт

Е.А.

(Фото) Падна првиот јавен бакнеж помеѓу Маја Шупут и Господинот Совршен

Еспресо

„Не бев здравствено добро…“ Јована Пајиќ и Ацо Пејовиќ открија колку им бил тежок Божиќниот пост

Еспресо

Познатиот хит „Ноч ми те дугује“ Здравко Чолиќ го посветил на неговата голема љубов

Еспресо
Се вчитува....