9.8 C
Скопје
14:10 - 31 март, 2026

Јелена Карлеуша откри: „Една вечер ме муваа тројца колеги, а еден беше Тони Цетински“

Поп-дивата Јелена Карлеуша гостуваше во подкастот „Бункер“ кај инфлуенсерката Луна Ѓогани, каде што отворено зборуваше за детали од својот приватен и професионален живот. Меѓу бројните теми, Карлеуша сподели и една анегдота која, како што рече, никогаш претходно не ја раскажала јавно.

На прашањето на Луна дали се сеќава на најубавото и најлошото додворување што ѝ се случило, пејачката се насмеала и признала дека една вечер во Бања Лука, на свеченост за доделување награди, ѝ се додворувале тројца колеги.

„Бев на доделата на ‘Оскарите’ во Бања Лука. Тоа вечер ме муваа тројца, но еден ќе го извојам. Од тие тројца, двајца се многу познати јавни личности. Ова е катастрофа, можеби ќе му направам проблем, ама баш ме интересира“, изјави таа со насмевка.

Карлеуша продолжи со детали: „По доделата имаше забава во соседниот локал, само за нас учесниците. Внатре – пијанки, песна, Селма Бајрами веќе пееше, а јас, како и секогаш, сама на маса. Наеднаш слушам некое ‘кс, кс’. Погледнувам – на шанкот стои Тони Цетински! Ми прати бакнеж и ми покажува да одиме горе. Горе имало некакви соби, бидејќи местото било под мотел.“

Со типичен хумор и шарм, Јелена додаде: „Мене никој никогаш не ме повикал така оригинално ‘ајде горе’. Не го познавав лично, но морам да признаам – ме воодушеви со храброста и дрскоста.“

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....