Јелена Карлеуша веќе неколку дена престојува во Истанбул, каде што отпатувала за да се сретне со еден од најпознатите експерти во областа на естетската медицина.
Поп-ѕвездата во Турција е гостинка на доктор Јазан Селчук, кој ја поканил на бјути консултации во својата клиника, а кои, како што дознава српски „Курир“, во блиска иднина треба да резултираат со целосен мејковер на Карлеуша.
Пејачката докторот и неговиот тим ја запознале со најновите техники и со процедурата за фејслифтинг на која таа сака да се подложи, со цел да го забави стареењето.
– Јелена отсекогаш избирала врвни стручњаци кога станува збор за естетски интервенции. Никогаш ништо не препуштала на случајност, па така е и овојпат. Иако има многу густ распоред поради снимањето на „Пинкови ѕвезди“ и финалните подготовки за објавување нови песни, таа успеала да најде неколку слободни денови за да отпатува во Истанбул, на лична покана од доктор Јазан Селчук. ЈК е сместена во еден од најлуксузните хотели во новиот дел на градот. Доктор Јазан лично ѝ ја покажал својата клиника специјализирана за естетска медицина. Особено ја заинтересирала новата и револуционерна метода за фејслифтинг, на која наскоро сака да се подложи. Кога интервенцијата ќе заврши, ЈК ќе изгледа најмалку 15 години помладо и, што е најважно, сè ќе изгледа максимално природно – вели нашиот извор и додава:
– Станува збор за зафат и техника на кои сè уште никој не се подложил на овие простори, а резултатите ќе бидат фантастични. Цената е околу 20.000 евра, но секој евро ќе се исплати. Тие поминале цел ден на бјути консултации. Докторот и неговиот тим ѝ ја објасниле целата процедура од почеток до крај. Нивниот план е максимално да го забават стареењето, така што и за две децении Јелена да изгледа како денес – заклучува изворот.
– Бјути консултации со единствениот доктор Јазан Селчук во Истанбул – напиша пејачката на своите социјални мрежи.
Поп-ѕвездата не одговори на нашите повици за коментар.
Да потсетиме, Јелена повеќепати изјавувала дека досега на себе коригирала само усни и гради, додека сè друго, како што вели, е дело на мајката природа.
– Никогаш на лицето не сум правела апсолутно ништо, само градите. Многумина мислат дека мојот задник не е природен, но тоа е резултат на вежби. Не сум некој што лудо тренира, многу работи се дело на мајката природа. Тој се зголемува или се намалува зависно од тоа дали добивам или губам килограми. На лицето сум правела само стандардни естетски третмани за нега на кожата, а кога станува збор за усните, тоа е филер што се обновува и е целосно природен. Затоа не го вбројувам во пластични интервенции, бидејќи всушност и не се. Разбирам дека има луѓе кои сакаат да веруваат во бајки дека сум цела од пластика, дека сум вадела ребра, дека лицето ми е оперирано и дека сум составена од пластични делови. Секогаш сум ги демантирала тие глупости кога станува збор за мојот задник, моите ребра, моите нозе и мојот нос – истакна Карлеуша своевремено на Инстаграм.
