02:28 - 7 ноември, 2026

Јелена Карлеуша направи листа на изведувачи што изненади многумина: Ја спомна и Пријовиќ

Пејачката Јелена Карлеуша повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако овој пат објави листа на изведувачи чии концерти би сакала да ги посети.

Карлеуша на својот профил на мрежата „Икс“ без задршка набројала домашни и странски музички имиња кои, како што навела, приватно ги слуша, што изненадило дел од јавноста.

На листата се најдоа: Стоја, Индира, Дејан Врана, Адил, Ади Шоше, Амар Гиле, како и дуото „Јала & Буба“, а меѓу нив ја спомена и Александра Пријовиќ („Прија“).

Покрај нив, таа навела и светски музички ѕвезди како Лејди Гага, Је (Канје Вест), Дино Мерлин, 6ix9ine и Ники Минаж.

Објавата веднаш предизвика бројни реакции и коментари на интернет, при што дел од публиката беше изненадена од изборот на изведувачи, особено поради тоа што дел од нив претходно биле поврзувани со медиумски несогласувања со пејачката.

И покрај различните реакции, дел од коментаторите оценија дека со ова Карлеуша покажува отвореност кон различни музички жанрови и дека знае да препознае добар сценски настап без оглед на личните односи.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....