1.8 C
Скопје
23:43 - 21 декември, 2024

Јелена Карлеуша на мета на критичарите: Од вулгарни текстови до обвинувања за „крадење“ и копирање

Јелена Карлеуша во изминативе неколку дена претстави два музички албуми „Алфа“ и „Омега“, кои по објавувањето ги следеа контроверзи – почнувајќи од тврдењата на медиумите дека добила дури милион и пол евра од Телеком Србија за нив, но и критики поради текстовите и нејзиното појавување во спотовите.

По единаесет години пауза, пејачката го издаде албумот „Алфа“, а набргу потоа и друг албум наречен „Омега“. Додека со години го најавуваше својот албум, таа реши да ги израдува своите обожаватели со вкупно 19 песни, кои од самиот почеток се поврзуваат со различни контроверзии и критики.

Пред се, српските медиуми објавија дека нејзиниот албум е спонзориран од Телеком Србија, а тоа го тврди и претставникот на Народната партија, Ѓорѓе Станковиќ, во Собранието на Србија.

„Една Јелена Карлеуша ќе добие милион и пол евра од Телеком. За албумот ќе добие 350.000 евра, за други трошоци 150.000 и за емисијата што ќе ја има на Телевизија „Прва“ еден милион евра. Тоа ќе биде некаков пандан на поранешната емисија што ја водеше Иван Ивановиќ на таа телевизија, политичко-забавна емисија што моментално ја има Зоран Кесиќ“, рече своевремено Станковиќ.

ПР-от на Јелена Карлеуша, Зоран Бирташевиќ, како што пренесува Нова.рс, ги демантираше овие наводи.

„Тоа е невистинито и не знам од која причина е измислица без никаков доказ. Ниту има точни податоци ниту пак има проект за кој се договорени вакви бројки, особено не во Србија. Не знам зошто тој човек го кажа тоа и која е неговата крајна цел, но очигледно тоа не е со добра намера“, рече тој.

По објавувањето на песните наречени „Карлибич“, „Такита“, „Бенга“ на социјалните мрежи, граѓаните на Србија се прашуваа дали е можно за тоа да се потрошени „нивните пари“.

Критичарите не беа љубезни кон пејачката и се осврнаа на нејзините текстови исполнети со вулгаризми, а додека таа тврди дека ги поместува границите на Балканот, пишуваат дека ги поместува границите на бесмисленоста и провокацијата.

Пејачката во спотовите се појавува со зелена маска и шилци на главата и во разни „вонземски“ комбинации. Додека таа го претставуваше својот албум како „револуционерен“ и „невиден“ до сега, вакви изданија веќе се видени, а некои ја нарекоа и Лејди Гага од Али експрес, имајќи предвид дека американската пејачка беше препознатлива по овој стил во 2010-тите. .

Во видеата критичарите најдоа копии од спотови на Бијонсе и Лејди Гага, а за песната „Mashallah“ ја обвинија Карлеуша дека ја копирала мелодијата на овогодинешната претставничка на Израел на Евровизија, Ноа Кирел.

Обраќајќи се на својата бројна публика по објавувањето на албумот, Карлеуша рече: „Ви благодарам за рекордниот стриминг, за рекордните прегледи, за милионите коментари… Целиот концепт на албумот, по редослед на сите песни и ова видео, кое тешко некогаш некој на овие простори ќе го достигне според продукцијата и идеите, дизајниран е да ги помести границите на домашната музика и правилата на шоу-бизнисот на Балканот“.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....