18:49 - 4 ноември, 2026

Јелена Карлеуша јавно му се заблагодари: „На мојот животен сопатник…“

Јелена Карлеуша веќе десет години негува пријателство со Зоран Бирташевиќ, кој е нејзин менаџер, продуцент и ПР кој се грижи за нејзината кариера, но и за приватните работи.

Тие заедно соработуваа на новите албуми „Алфа“ и „Омега“.

Оние кои ги следат Зоран и Јелена можат да забележат дека имаат голем број заеднички фотографии од турнеи и од настапи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Birtašević (@zoranbirtasevic)

– Малкумина од нас имаат среќа да запознаат пријател за цел живот, пријател кој се жртвува и се бори за нас како татко, брат… Пријател во добри времиња, а најмногу во лоши. Имав среќа, запознав човек кој ми стана најголема поддршка, придружник и брат – напиша Јелена еднаш за Бирташевиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

– Човек кој стана мој најверен соработник во оваа земја каде што доживувам само препреки, недоразбирање, напади и медиумски линч. Никој не се бореше за мене, освен мајка ми и тетка ми, како Зоки.

Пејачката Јелена Карлеуша реши да му честита роденден на својот близок пријател и на овој начин да му се заблагодари за се што направил за неа и што бил тука во најтешките моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Birtašević (@zoranbirtasevic)

– Еден ден, кога се ќе помине, ќе останат само оние кои биле тука и за добро и за лошо… кои те познаваат вистински, те сакаат со сите твои доблести и уште повеќе со твоите маани… Оние кои верувале во тебе кога никој друг не верувал и оние кои направиле се за да светиш криејќи ја твојата темнина… Среќен роденден на мојот животен сопатник, брат, другар, творец, визионер… мој Зоран. Среќна сум што те имам и што секоја нова година од животот ти ја загорчувам– истакна пејачката, а Зоран брзо ѝ се заблагодари:

– Кога Лавот вели така. Те сакам многу и така во недоглед – ѝ одговори Бирташевиќ.

 

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....