10.8 C
Скопје
01:23 - 4 април, 2026

Јелена Карлеуша ја шокираше јавноста: „Ако сум љубоморна, ќе ти се заканам со убиство“

Пејачката Јелена Карлеуша со години ја интригира јавноста со својот приватен живот. Каде излегува, со кого се дружи, дали има емотивен партнер – многумина сакаат да знаат.

А пејачката, која неодамна ја воодушеви публиката со својот стајлинг во емисијата „Ѕвездите на Пинк“, сега откри каква е всушност кога е вљубена.

За време на гостувањето во една емисија, на прашањето на водителката дали станува љубоморна во љубовните врски, Карлеуша одговори на свој препознатлив, директен начин:

„Не би го нарекла тоа љубомора, тоа е болест. Јас сум болна во љубомора, како што сум болна и во љубов. Немам мера во ништо. На пример, кога сакам да се испрскам со парфем, се прскам додека не ми се слоши, додека не ми дојде мигрена“, изјави Јелена Карлеуша и додаде дека сè што прави, го прави од љубов.

„Кога сум љубоморна, веројатно ќе ти се заканам со убиство, но тоа сум јас. Тоа е затоа што те сакам. Те сакам толку многу што си давам право и да ти се заканам со убиство“, заклучи таа низ смеа.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....