-1.2 C
Скопје
08:20 - 19 февруари, 2026

Ја сакале родителите на двајцата поранешни сопрузи: Калиопи отворено за Грил и Зафирчев

За своите поранешни сопрузи, Васил Зафирчев и Ромео Грил, Калиопи отворено зборуваше во ТВ гостување.

Калиопи беше гостинка во  „Нешто конкретно“ каде  зборуваше искрено за теми што ретко ги отвора јавно.

За Ромео Грил рече дека му верува слепо и дека одлично била прифатена од неговите родители, како и од родителите на Васил Зафирчев.

– Со двајцата поранешни сопрузи зборувам за сè – освен за нови љубови. Тоа е женска тема – рекла Калиопи.

– Можеби некој ќе мисли дека сум за на психијатар, ама таму каде што се искршиле сите копја таму е најчист теренот – додала Калиопи.

Открива дека низ кариерата имала разни понуди, но дека единственото што никогаш не го одбила било да ја испее македонската химна.

Фото / Јутјуб принтсрин

Потоа зборуваше за пријателствата. Според неа, вистински пријател е оној што ќе ти ја каже вистината директно во лице, дури и ако ризикува да те изгуби. Додава дека меѓу најверните пријатели ѝ е Олгица Христовска, а за пријатели ги смета и двајцата поранешни сопружници.

На прашањето за дуетот со Наум Петрески и песната „Рум дум дум“, Калиопи вели дека веројатно не било вистинско време за таа песна и дека не се лути никому. Додава дека трпеливо го чекала својот момент за Евровизија.

Кон крајот на емисијата таа зборувала за Кочани, за колеги што ги нема веќе и за тоа дека е вистинско време да се обединиме. Рекла дека се доволни поделбите и дека е време македонската музика да стане едно, како што пее и во песната „На пат до Македонија“.

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....