7.8 C
Скопје
23:07 - 30 март, 2026

(Фото) Ја сака како да е негова ќерка: Миро Кацаров со емотивна порака за Миа

Водителот Миро Кацаров ја сака Миа како да е негова. Станува збор за ќерката од првиот брак на неговата сопруга Ивана, која наскоро треба да се породи.

Кацаров во неколку наврати рече дека ја запознал Миа кога имала две и пол години, и оттогаш ја сака и ја чува како да е негова биолошка ќерка. Мирослав и Ивана очекуваат машко дете, а водителот рече дека ќе се вика Тадеј.

Мирослав објави фотографии од малата Миа со која пазарел заедно и напиша: „Ова па ова, колку е мило детенце!

Фото / Инстаграм

Инаку, Миро и Ивана се запознале во ноќен клуб во Скопје и си се бендисале од прва. По само неколку месеци почнале да живеат заедно.

За романтичното запорсување во Рим летото во 2023 година, Кацаров раскажа за „Еспресо“. Водителот рече дека претходно го испланирал целото патување како изненадување за Ивана, која е одбојкарка.

Миро со сопругата Ивана на забавата на „Бекстејџ“ во октомври Фото / Фејсбук

„Ја побарав Ивана за жена во еден ресторан на плоштадот Пантеон, додека виолинистот свиреше позната италијанска љубовна песна. Беше многу романтично и авангардно”, раскажа Кацаров тогаш.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....