14:34 - 12 април, 2026

„Изневерував, таа го будеше најлошото во мене“: Љуба Перуќица проговори за неверството

Пејачот Љуба Перуќица е во складен брак со поранешната водителка Катарина Колозеус, но сега реши да открие непознати детали од својот љубовен живот. Тој призна дека во минатото бил неверен, но истакна дека денес не живее во страв дека сопругата би можела да го изневери.

„Го будеше најлошото во мене“

Љуба се присети на една врска од младоста и девојка која, како што вели, од него вадела сè најлошо.

„Денес сè е многу подостапно, има од сè по нешто, искушенијата се поголеми, многу работи се повеќе прифатени отколку порано. Сè се промовира, но тоа не значи дека е исправно. Не треба да се живее во страв од прељуба. Секој човек различно влијае врз нас… Можеби како клинец изневерував, како и сите. Секој мора низ нешто да помине. Имав девојка која во мене го будеше најлошото, од љубомора до посесивност. Со неа бев сосема друга личност… Кога ќе ја најдеш вистинската личност, која не ги буди тие работи во тебе, кога немаш потреба да се однесуваш неприродно… Кога коцките ќе се склопат и кога ѕидот се гради како што треба, тогаш знаеш дека тоа е тоа“, изјави Перуќица во емисијата „Магазин Ин“.

Љуба и Катарина имаат син и ќерка

Да потсетиме, Љуба и Катарина неодамна ја добија ќерката Катја. Како што тогаш споделуваше на социјалните мрежи, тој цело време бил покрај неа, а присуствувал и на самото породување.

„Фала му на Бога, и бебето и мама се здрави 10/10. Бев на породувањето, а и по породувањето бевме сите тројца заедно. Потоа излегов да се напијам како човек. Не постојат зборови што можат да го опишат моментот кога на свет ќе дојде нешто што е само твое и никој не може да ти го одземе. Имав огромна желба да имам ќерка. Сега имам и син и ќерка и повеќе ништо не можам да побарам од Бога“, изјави тој по раѓањето на ќерката.

 

Слични објави

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.
Се вчитува....