10:53 - 13 ноември, 2026

Измамници убедиле две жени дека се во врска со Бред Пит и им украле над 300.000 евра

Измамници убедиле две жени дека се во врска со Бред Пит и им украле над 300.000 евра
Шпанската полиција соопшти дека уапсила пет лица за измама на две жени. Осомничените се претставувале како холивудскиот актер Бред Пит преку Интернет и со пораки на апликацијата WhatsApp зеле 325.000 евра.

Групата остварила контакт со жените на веб-страница посветена на обожавателите на холивудскиот актер, а потоа ги убедила дека имаат „сентиментална врска со него“.

Потоа, на жртвите им предложиле да инвестираат во различни проекти кои не постојат.

Една од жените, која поткнува од Андалузија, измамена е за 175 илјади евра, додека другата од Браскија останала без 150 илјади евра.

„Сајберкриминалци ги проучиле социјалните мрежи на жртвите и изградиле нивни психолошки профили. Откриле дека станува збор за ранливи личности на кои им недостига внимание и кои патат од депресија. Исто така, користеле платформа за размена на пораки и имејлови се додека тие не повереувале дека разговараат со Пит. Измамниците им ветиле романтична врска и заедничка иднина со Пит“, се наведува во соопштение на полицијата.

Пет лица се уапсени во Андалузија за време на рацијата во пет куќи, земени им се мобилните телефони, банкарските картички и два компјутера, како и „дневникот“ за измами кои го користеле.

Полицијата нашла 85 илјади евра од износот кој со измама бил земен од жените.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....