5.8 C
Скопје
04:49 - 1 април, 2026

Ивица Дачиќ откри зошто Северина ја задржале на граница: „Србија е слободна земја“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ откри зошто хрватската пејачка Северина Вучковиќ била приведена на границата меѓу Хрватска и Србија синоќа на 25 август.

Дачиќ потврди дека хрватската пејачка Северина била приведена од граничната полиција на границата со Хрватска, врз основа на списоци на „вербални прекршоци“, пренесуваат српските медиуми.

„Северина не е ни приведена ниту уапсена, ниту пак ѝ е одбиен влез за Србија, но е задржана поради контрола“ – рече Дачиќ.

Како што пренесува српски Телеграф, тој најавил дека ќе побара „укинување на списоците кога се вербални деликти во прашање“.

„Србија е слободна земја и кај нас нема вербален деликт, на тие списоци ќе останат луѓето кои вршат криминал, тероризам и кривични дела. Но, не дозволуваме другите да ни држат лекции, особено Хрватска“ – вели Дачиќ и додава дека „некој бил задржан на граница само два-три часа“.

„Честопати се наоѓаме во ситуација кога има критики за нашата земја од соседите, па човек просто мора да каже „немој само да ни држите лекции“. Мислам, не знам, дали треба да воведеме и музичка полиција?!“, изјави Дачиќ во гостувањето на српски ТВ Пинк, пренесуваат српските медиуми.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....