Познатиот пејач Мирослав Илиќ итно бил хоспитализиран и примен во Ургентниот центар во Белград, каде што лекарите му укажале медицинска помош. Фоторепортери го фотографирале при пристигнувањето пред болницата, а според снимките, тој изгледал исцрпено и се движел со тешкотија, пренесува српскиот портал „Ало“.
Иако е познат по својата енергија и настапите на сцена, неговата состојба ги загрижила обожавателите. Засега не е познато што точно довело до интервенцијата на лекарите.
Мирослав Илиќ неодамна се осврнал и на здравствената состојба на својата колешка Зорица Брунцлик. Таа веќе неколку недели не се појавува во јавноста, а пејачот изразил надеж дека брзо ќе закрепне, но истакнал дека нема да го контактира нејзиниот сопруг Кемиш, за да не му создава дополнителен притисок.
Тој открил дека слушнал информации за нејзина операција и дека му е жал за неа.
– Слушнав нешто, но не знам колку е сериозно. Во секој случај, ми е жал – изјавил Илиќ.
– Нема да му создадам дополнителен товар, ќе го оставам да се справи со тоа, силен е тој – додал тој.
