17.8 C
Скопје
13:02 - 11 март, 2026

Исповед на Северина: Овие песни не ги пее, зашто ја потсетуваат на ‘порничот’ снимен на јахта

Северина Вучковиќ има снимено огромен број песни, но сега откри дека не изведува многу свои хитови на настапи, бидејќи ја потсетуваат на тажни и стресни периоди од нејзиниот живот. Северина истакна дека не ги пее сите песни од албумот што го објави во годината кога избувна нејзината интимна врска снимена на јахта.

– Жал ми е што некои од песните што ги снимив не ги пеам на концерти. Тоа е затоа што секогаш го прилагодувам репертоарот на најширокиот круг на луѓе кои доаѓаат на концертите. Концертот треба да биде експлозивен, иполнет, компактен… Најважно за добар концерт е добар репертоар. Не се менува, тоа е како претстава. Нешто што вие како изведувач го претставувате – истакна таа.

– Имам многу прекрасни балади кои не ги пеам како „Тридесете“, „Унапријед готово“, „Брош“, „Парфем“… но тоа е затоа што тогаш „Далматинка“, „Вирујен у те“, „Град без људи“ треба да се исфрлат. И ако пеев сè, концертите ќе траат четири часа- рече Севе за хрватски Журнал и додаде:

– Не ги пеам песните од албумот „Севергрин“ бидејќи излегоа во 2004 година кога некој го објави тој несреќен филм. Тие песни ме потсетуваат на тој период, па ги „избришав“ од глава. Затоа не ја пеам „Брош“. И не пеам песни од албумот „Моја ствар“ од 1996 година бидејќи татко ми почина додека го снимав албумот – изјави пејачката за journal.hr.

Слични објави

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....