15:10 - 3 април, 2026

„Имав 19 години, а тој беше постар од татко ми…“: Инди ја шокираше јавноста со најновата исповед

Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди, позната по своите смели изјави и бурен приватен живот, повторно предизвика лавина реакции откако во една телевизиска емисија откри дека како тинејџерка имала врска со значително постар маж, постар дури и од нејзиниот татко.

„Имав постари партнери и бев многу среќна и заљубена. Еден од нив беше неколку години постар од мојот татко. Ми пријаше неговата зрелост“, откри Инди, додавајќи дека во тоа време имала 19 години.

Изјавата следеше откако нејзината колешка Вера Матовиќ во емисијата „Магазин Ин“ изјави дека „спиењето со татко или дедо е тажно и грдо“, но Инди не се сложи со тој став и јавно застана во одбрана на љубовта меѓу постари и помлади партнери.

Нејзиното признание предизвика бурни дискусии и во студиото и на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста ја поддржа за искреноста, додека други ја осудија поради провокативниот став.

Ова не е првпат Инди да ги крене медиумите на нозе. Пред неколку месеци таа изјави дека „понекогаш жените мора да бидат љубовници за да созреат“, што исто така предизвика остри реакции во јавноста.

Пејачката, која со години живее под лупа на јавноста, во минатото беше во краток брак со бизнисмен од Данска. Бракот траеше само пет месеци, а Инди тогаш објави дека љубовта „не била вистинска“.

„Од денес официјално сум разведена. Тоа не значи дека нашата љубов не беше голема, но тој ја искриви оној ден кога го потпиша разводот – напиша таа на социјалните мрежи, додавајќи дека „го излажал и матичарот и себе дека ќе биде покрај неа и во добро и во зло“.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....