11.8 C
Скопје
10:40 - 28 октомври, 2026

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ зборувалаза својот фризер Стеван, со кого е исклучително блиска, а се осврнала и на шпекулациите дека им забранува на своите соработници да работат со одредени ѕвезди.

Стеван прво ја откри својата желба за роденден, а потоа Цеца „одлета“ во неговите раце.

– Мене никогаш не ми е доволно, секогаш ми треба повеќе, но задоволен сум со себе; направив сè што сакав, ми остана само куќата на море и добро да се венчам. Редовно сум кај Цеца на Кипар… Но, иако се чувствувам како да сум кај своето семејство, јас би сакал да имам свој резултат од работата – рекол славеникот, а потоа и Цеца.

– Му посакав да биде уште поуспешен, ако од ова воопшто може. Му посакувам да купи вила во Шпанија и една во Занзибар, иако нè мрзи да патуваме до таму… Шегата настрана, сакам да продолжи со ова темпо. Премногу е изморен, но е премногу успешен; секогаш ги поддржувам моите пријатели со срце и душа, а тој тоа многу добро го знае. Имаме големи планови и кога станува збор за мојот нов албум, тој има милион идеи и се надевам дека сите ќе ги реализираме – коментирала Цеца, која во текот на разговорот се осврнала и на шпекулациите дека на своите соработници им забранува да работат со некои од нејзините колеги.

– Тоа никогаш не постоело. Имаше шпекулации и напади дека јас стојам зад нешто, дека не дозволувам или поставувам услови… Ова, во принцип, го зборуваат луѓе кои инаку се занимаваат со тоа. Сите мои пријатели работат со сите пејачи и никогаш немале проблем, бидејќи сметам дека успешна личност треба да работи со сите. За да бидеш виден и вирален, мора да соработуваш со сите, тоа е сосема нормално. Замислете мене да ме условува мој пријател каде јас да настапувам? Тоа прво не е ниту човечки, ниту колегијално, а ниту финансиски исплатливо – објаснила Цеца.

 

Слични објави

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо
Се вчитува....