Бен, 12-годишниот син на музичарот Арбен Бени Шаќири и Лиса Баута Шаќири, повторно го привлече вниманието со својот музички талент. На социјалните мрежи беше споделено видео од настап на кој Бен свири гитара заедно со својот татко, покажувајќи дека љубовта кон музиката во семејството Шаќири се пренесува и на помладата генерација.
Видеото го сподели и неговата тетка Нора Шаќири, која не ја криеше воодушевеноста од својот внук.
„Тој има 12 години. Тој е тотално брутален“, стои во описот на објавата.
И покрај неговата возраст, Бен веќе има искуство со настапи пред публика. Минатата година тој учествуваше во шоуто „Албанија има талент“, каде што настапи со гитара и го покажа својот талент пред поширока публика. Тогаш неговата мајка Лиса сподели видео од настапот и напиша дека Бен „ја оставил душата на сцената“, додека Бени на свој препознатлив начин се пошегува: „На мајка му е цел“.

Бени и Лиса имаат два сина, 14-годишниот Мик и 12-годишниот Бен, а музиката очигледно е важен дел од нивното растење. Бени и претходно зборувал дека е многу поврзан со своите деца и дека, и покрај обврските, семејството му е на прво место. Во интервју за „Слободен печат“ раскажа дека не може да легне навечер без да ги бакне своите синови и дека наутро се труди нежно да ги разбуди.
За Бен, пак, гитарата очигледно веќе не е само детско хоби. По настапот на „Албанија има талент“, сега повторно застана на сцена, овојпат покрај татко му. Бени повеќе од две децении е присутен на македонската музичка сцена како пејач и фронтмен на „Нон стоп“, а сега добива и млад партнер за свирка.
„Нешто што најмногу ме храни и држи во живот се моите два сина и ако нешто ме интересира во животот, тоа се тие двајца. Ништо друго не ми е важно, дали ќе продолжам со музика, дали ќе мијам чаши, дали ќе растоварам камиони… Единствено ми е важно тие двајца да се живи и здрави, да ги гледам како растат, да можам да им се најдам и да ги изведам на прав пат“, изјави Бени.
Тој во истото интервју нагласи дека токму децата му се најголемата животна мотивација, додавајќи дека „тие и сите наши деца, кои ги познавам или не, ми се главна водилка и мотив“.
View this post on Instagram
