17:05 - 2 април, 2026

Илон Маск стана татко по 12-ти пат: Што се знае за мајката на детето

Американскиот милијардер, основач на Tesla и Space X, Илон Маск стана татко на 52-годишна возраст по 12-ти пат. Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори.

Соговорниците рекоа дека 12-тото дете на бизнисменот е родено во почетокот на 2024 година. Мајка на детето, како што истакнува Блумберг, е Шивон Зилис, директорка на специјални проекти во Neuralink, компанја кој е во сопственост на Илон Маск. Блумберг нагласува дека ниту Маск ниту Зилис не го коментирале раѓањето на нивното трето дете.

Судските документи до кои дојде Бизнис инсајдер (Business Insider) укажуваат дека технолошкиот тајкун „незабележано“ добил близнаци од Зилис во ноември 2021 година.

Зилис го запозна Маск во 2015 година додека работеше во OpenAI, непрофитна организација посветена на истражување и имплементација на вештачка интелигенција. Во 2017 година, Зилис се пресели во Тесла за да води проект за воведување на вештачка интелигенција во функцијата на автопилот.

Слични објави

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....