12:03 - 12 април, 2026

Илон Маск нема да одговара за измама – поротниците брзо донесоа одлука да биде ослободен од обвинението

Американскиот милијардер и сопственик на компаниите Тесла и Твитер, Елон Маск беше ослободен од обвинението за измама на инвеститори поради твит од 2018 година, во кој напиша дека обезбедил средства за целосна приватизација на таа компанија, по што инвеститорите го тужеа.

Акционерите тврдеа дека Маск ги довел во заблуда со своите најави во август 2018 година и дека поради тоа изгубиле милијарди долари, јавува Би-Би-Си.

Предложеното откупување од 72 милијарди долари (60 милијарди фунти) никогаш не се реализираше. Доколку пресудата беше потврдна, Маск ќе требаше да плати отштета од милијарди долари.

На поротниците им требаа помалку од два часа за да донесат пресуда.

Маск, кој сакаше судењето да се пресели во Тексас, каде што е седиштето на неговата компанија, и тврдеше дека не може да добие фер судење во Сан Франциско, го поздрави исходот.

На Твитер, платформата што ја купи за 44 милијарди долари минатиот октомври, Маск напиша дека мудроста надвладеала и дека ја цени едногласната пресуда со која тој беше ослободен.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....