16.8 C
Скопје
13:07 - 14 март, 2026

Игор Џамбазов емотивен на годишнината од смртта на татко му: Две години без тебе стари…

Игор Џамбазов со емотивна објава ја одбележа двегодишнината од смртта на својот татко, македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов.

Тој на својот инстаграм-профил објави фотографија од татка си и раскажа анегдота која се случила пред повеќе од половина век.

– Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме “колега”. Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај “Рубин кармин”. На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: “А? Како теткава? Згодна е?”

Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: “Да”. Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: “Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?” А јас ти одговорив: “Е нема де, нели сме колеги”. И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња.

П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука се’ е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Се’ на се’ стари, ништо не си пропуштил… – напиша Игор.

За потсетување, Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 86 години. Беше автор на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....