5.8 C
Скопје
23:20 - 12 март, 2026

И шпанското кралско семејство си има свој принц Хари: Скандалозниот Пепе се пресели во Абу Даби со девојката

Сите ги знаеме главоболките што ги предизвика принцот Хари на британската круна. Отсекогаш, на различни возрасти. Дури и сега, како возрасен човек, Хари продолжува со континуираните јавни напади врз роднините, а еден од поновите е и нападот преку објвената книга мемоари „Резерва“.

Но, Хари секако не е единствениот кралски потомок кој успеа да предизвика скандали. И шпанскиот двор си има и своја „црна овца“: тоа е Фелипе Хуан Фроилан де Маричалар познат како „Пепе“, син на принцезата Елена од Борбон. 24-годишникот до денес ги окупира вестите од најразлични  погрешни причини. А во последниве денови реши да се пресели од Мадрид и се насели во Абу Даби, каде што неговиот дедо Хуан Карлос е во егзил од 2020 година поради трнливото прашање за примање мито за изградба на железница во Саудиска Арабија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EGOS (@egoslr)

Таму, како што пишува шпанскиот печат, Фелипе сака да започне нов живот далеку од контроверзите кои секогаш го придружувале. Пепе всушност им е познат на шпанските таблоиди како принц кој кралството никогаш не го сфаќал сериозно. На пример, како дете, на венчавката на сегашните владетели – кралот Фелипе и Летиција Ортиз, тој ја клоцнал својата братучетка Викторија Лопез-Кесада. Болната клоца, снимена од камерите и фотографите, го обиколи светот. Потоа, на четиринаесет години, Пепе за време на велигденските празници во семејната резиденција во Сорија почнал да си „игра“ со пушка и си пукнал во стапалото. Прво бил примен во болница во Сорија, а потоа префрлен во клиника во Мадрид каде хируршки му била исчистена раната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👑 (@royalsaddicted)

Растејќи, најстариот син на принцезата Елена и Хаиме де Маричалар (разведени од 2010 година) почна да влегува во поголеми неволји. Во април 2022 година, на пример, во еден бар во Мадрид, се искара со персоналот прашувајќи ги  „не знаеш кој сум јас“, а еден од газдите го замолкна со удар во лице. Потоа, минатиот декември, при напуштање на една мадридска дискотека, Фелипе бил вмешан во тепачка во која бил повреден еден од неговите пријатели. Епизода за која ризикуваше една година и три месеци затвор. Така, наместо затвор, неиркото одлучил да ја промени сценографијата па ги спакува куферите и се пресели во Абу Даби заедно со неговата девојка.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....