7.8 C
Скопје
23:21 - 31 март, 2026

„Hurricane“: ПРОСТИТУЦИЈАТА Е првата мисла која луѓето ја имаат кога ќе нè видат

Пејачките Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ, членки на групата „Hurricane“ ја коментираа аферата со проституција која е актуелна во регионалните медиуми последниве денови, пренесуваат српските медиуми.

Девојките од бендот се поврзуваа со проституција во екот на минатогодишните подготовки за Евровизија, кога поединци зборуваа дека на споменатиот натпревар го „промовираат најстариот занает“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HURRICANE (@hurricane_official)

„Немаме што да кажеме за тоа, тука сме да разговараме за музика“, изјави Ивана по повод споменатата афера со проституцијата.

„Не знам ништо за тоа, искрено, не сум го ни видела тоа“, рече Ксенија.

„Нашиот талент некако е ставен во ќош, првата мисла што ја има некој е дека се занимаваме со најстариот занает. Секако дека сум навредена од ваквиот начин на размислување“, додаде Сања за Ало.

Сања пред почетокот на Евровизија кажа што мисли за споменатите наводи дека „на Евросонг оди песна со порака дека Србија има големи проблеми со проституцијата“.

„Немам време да се занимавам со негативни коментари или злонамерни текстови за нашата песна“, изјави во таа прилика Вучиќ.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....