Пејачот Саша Ковачевиќ бил на местото на сообраќајна несреќа во која бил повреден постар маж.
Саша му помогнал на повредениот човек и останал со него додека не пристигнала брзата помош.
Брзата помош реагирала, а самиот Саша бил на местото на настанот и исто така укажал помош. Тој му помогнал на човекот кој се чувствувал лошо да стане и останал со него додека екипата на брзата помош не пристигнала на местото на настанот.
Дури и откако пристигнала брзата помош, Саша не се повлекол, тој продолжил да им помага на лекарите, со што покажал голема човечност, објавви српски „Курир“.
Инаку, Саша неодамна изразил желба да се исели од Србија, откако беше фрлена бомба врз куќата на неговиот колега Здравко Чолиќ.
– Слушнав дека била фрлена бомба врз куќата на Чолиќ, што да кажам… Мојата прва реакција беше, во ред, следниот чекор е да се преселиме! Сите знаеме кој е Здравко Чолиќ, тој има беспрекорна кариера. Ако дојде до точка каде што кај еден Чолиќ беше фрлена бомба, тогаш не знам. Би сакал да имам алтернатива да живеам некаде на друго место освен Белград, за да можам да бидам некаде на друго место барем неколку месеци во годината – загрижено рече Саша.
