3.8 C
Скопје
20:29 - 20 декември, 2024

Харис Џиновиќ удри по Мелина: „Не знаеше ни јајца да зготви“

Мелина и Харис Џиновиќ се разделија по 22 години љубов. Тие важеа за еден од најхармоничните парови на јавната сцена, а веста дека ставиле крај на бракот ги шокираше сите.

Харис се осврна на негативните коментари што му пристигнуваат по разделбата со креаторката и го коментираше фактот дека некои луѓе го гледаат како личност која бара многу, па дури и дека е тврдоглав.

– Човек сум кој изискува, сакам сè да ми биде потаман, но има голема разлика помеѓу захтевен човек и намќор, бидејќи вториот има негативна конотација – рече Харис за српските медиуми, па ја спомна и Мелина.

– Се сеќавам кога Мелина дојде првиот пат кај мене во Париз и го отвори плакарот, веднаш ме праша со кого живееш овде, невозможно е некоја жена да не живее овде или да не доаѓа да ти готви. Реков дека живеам сосема сам. Кај мене се е средено, секоја маица, кошула, панталони, се е под конец, затоа што сум перфекционист – изјави тогаш Харис и додаде дека најмногу се стреми кон перфекционизам во музиката:

– Не сум нежен во комуникацијата кога некој свири погрешно. Да речеме, се случува мојот бенд да свири еден концерт фантастично, а другиот под неговото ниво, па се вадат на инструментите. Публиката не го слуша тоа, но јас точно знам кога некој ќе отсвири нешто колку е заинтересиран да го свири. Се е прашање на концентрација, и не е дека не простувам грешки, едноставно не ги признавам. Музиката не ти дозволува да грешиш, а не јас. И јас правам грешки и тоа многу ме нервира. Во музиката мора да бидеш совршен, бидејќи таа не признава ниту една грешка, а јас тоа од музиката го пренесов во мојот живот.

Харис нагласи дека немал проблеми со Мелина на почетокот на нивната врска.

(Фото) Сека Алексиќ живее во куќа од 500 000 евра: Селска идила во суперлуксузна палата

– Секоја жена во светот има амбиција да промени маж, но тоа е невозможно, можеби и до 5 проценти може да се сменат во некои аспекти, но во суштина не се менуваат. Секој човек има свој код и нема многу отстапувања од него. Жените мислат најдобро и имаат некој инстинкт да се обидат да ве променат, но секогаш можете да најдете компромис и тоа е промена. Треба да дгнете рачна. Не живеам сам, туку со сопруга и две деца, а тогаш мора да бидеш компатибилен и понекогаш да правиш нешто што му одговара на другиот, на сметка на твојата комфорна зона – изјави познатиот пејач за „К1“ и додаде дека Мелина научила да готви со него:

– Исто сум квалитетен готвач како и пејач. Не готвам баш секој ден зашто децата денес сами си готват. постојат јадења кои Мелина подобро ги прави од мене, но кога се запознавме не знаеше ни јајца да приготви.Тоа не е моја заслуга, туку нејзина, таа се ангажираше и научи тоа што ја интересираше. Кај готвењето најважно е тоа да го сакаш зашто, да кажеме, готвев најразлични јадења додека не ја научив вистинската мерка, зашто или е пресолено или загорува – вели Харис.

Познатиот актер и пријател на Харис Џиновиќ со коментар за неговиот развод од Мелина: „Каков ти е партнерот, таков ти е животот“

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....