8.8 C
Скопје
19:27 - 27 октомври, 2026

Харис Џиновиќ себеси се нарече папучар: „Мелина да има пари како мене, не би ги давала“

Пејачот Харис Џиновиќ на своето последно интервју за разводот со Мелина, зборуваше за својата ќерка Џина и синот Кан, нагласувајќи дека тие двајца многу пред него знаеле што се случува со нивната мајка.

Харис не крие колку е разочаран од поранешната сопруга и продолжува јавно да открива непознати детали.

-Тие тоа го знаеја многу пред мене. Додека Мелина беше во брак со мене, цел живот бев татко, домаќин, другар, пријател и доста е од мене, а да не зборувам за тоа што бев дарежлив и премногу широкоград. Госпоѓица Галиќ, а не Џиновиќ, еднаш рече: „Јас да заработувам и да имам пари како него, не би давала на секого!“, а тоа значи ниту мене, ниту на кое било дете – истакна Харис во емисијата „Ин3гантно“ .

– Според нејзините стандарди, дадов премногу. Јас сум единствениот тип, а во Сараево тоа значи папучар, кој дозволил се без граници, а не оди тоа така. Сега никому не давам совет бидејќи не работам во советувалиште. Ова се само мои искуства. Само велам дека се што е претерано е лошо – додаде Џиновиќ.

„Ако кучето изеде килограм шеќер, ќе добие шеќерна болест и ќе умре. Нема да застане додека не го спречи сопственикот. Да давате премногу е контрапродуктивно. Кај мене ништо не ми е тајна, дури ни како зборувам за ова со моите деца. Нејзино право е да не се огласува. Децата беа информирани за сè далеку пред мене – истакна пејачот.

– Дознав многу подоцна, бидејќи изневерениот сопруг секогаш последен дознава. Децата знаеја бидејќи одеа во град, се движеа. Не одам во град и не се движам. Одам на тениски терен, ќе седнам со моите пријатели и ќе се вратам дома. Тоа е тоа и ништо друго – заклучил Харис.

(Фото) Северина им посака среќа на македонските фудбалери, тие ѝ подарија дрес

Слични објави

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.
Се вчитува....