19:32 - 16 ноември, 2026

Брутална објава на Јелена Карлеуша: Упати јавен апел, и ги повика сите колеги од регионот

Јелена Карлеуша е позната како личност која често слободно зборува на бројни теми, а сега го привлече вниманието и на третманот на музичарите од јавната сцена во регионот.

Поп дивата истакна дека во Србија сите пејачи без пречки ја градат својата кариера, а српските изведувачи се забранети во нивните земји, поради што упати јавен апел.

– Ги повикувам сите мои колеги од земји како Хрватска, Босна, Црна Гора, кои без пречки и без никакви забрани ја градат својата кариера во Србија и Белград, да ги поддржат српските изведувачи и да бараат ист третман за сите. Исто така, ги замолувам да замислат колку би ги болело доколку ги избришат од радио и ТВ станиците на Србија. Музиката не смее да има примитивна поделба и политичка конотација – напиша Карлеуша.

Инаку, долга е листата на музички изведувачи од Србија чии концерти во земјите од регионот беа откажани и забранети во изминатите месеци и години.

Слични објави

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо

„Мислев дека е обичен плускавец, а завршив на операција и ми ампутираа два прста“: Игор Филевски – Филе ја раскажа здравствената драма низ која поминал

Еспресо

(Фото) Нина Сеничар ги воодушеви сите на свеченоста во Лос Анџелес: Српската убавица се појави со сопругот, холивудската ѕвезда Џеј Елис

apostolova

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Еспресо

(Фото) Српската водителка доби подарок од 19.000 евра: Новото момче го крие од јавноста, а сега со објавата крена прашина 

Еспресо
Се вчитува....